договор за донација договорот за донација е склучен на ден ____________ година, помеѓу: 1. име на претпријатие, адреса застапуван од
ДОГОВОР ЗА ДОНАЦИЈА
Договорот за донација е склучен на ден ____________ година,
помеѓу:
1. Име на претпријатие, адреса застапуван од ___________, во
натамошниот текст: Давател
на донацијата и
2. Име на примателот, адреса, застапуван од ____________________, во
натамошниот текст: Примател на донацијата.
Член 1
Предмет на овој договор е остварување на проект од јавен интерес на
примателот на донацијата, односно за _________________, согласно
проектната документација и/или барањето за донација и/или добиеното
решение од Министерството за правда (зависи што од овие документи
имате).
Член 2
Давателот на донацијата му дава на Примателот на донацијата
____________________ (содржина на донацијата).
Член 3
Цел на донацијата од членот 2 на овој договор е остварување,
унапредување, промоција и поддршка на активности на проектот
__________________________.
Член4
Примателот на донацијата за примената донација нема да прави никакви
противисполнувања кон давателот на донацијата.
Член 5
Исплатата на финансиските средства давателот на донацијата ќе ја
изврши на жиро-сметка на примателот на донацијата
_____________________________________
Член 6
Давателот и примателот на донацијата се обврзуваат да изготват
Извештај за донацијата. Извештајот ќе ги содржи следните податоци:
- име и назив на давателот и на примателот на донацијата;
- име и назив на крајниот корисник;
- опис на предметот на донацијата;
- крајна употреба на предметот на донацијата;
- други податоци.
Договорните страни се обврзуваат Договорот и Извештајот да ги достават
до УЈП за користење на даночните поттикнувања, согласно Законот за
донации и за спонзорства во јавните дејности и тоа најдоцна 30 дена од
денот на реализирањето на проектот.
Член 7
Овој договор е составен во 4 идентични примероци, од кои по два за
секоја договорна страна.
Член 8
Во случај на спор по овој договор, надлежен е Основниот суд - Скопје.
Договорни страни:
Давател на донација: Примател на донација:
__________________ _____________________